Факти

RE-SEEties e проект со траење од две години кој се фокусира на проблемот на неефикасното искористување на ресурсите во градовите. Проектот е поддржан од Европската Унија и Транснационалната Програма за Соработка на Југоисточна Европа, со учество на осум општини од Југоисточна Европа и неколку професионални институции како партнери. Целта е да им се помогне на општините да развијат интегрирано решение за отпад и енергија, за да се создадат урбани заедници кои ефикасно ќе ги искористуваат ресурсите.

Европа се соочува со  прекумерна потрошувачка на енергија и неконтролирано производство на отпад, а во иднина се очекува овие трендови да се зголемат. Во Југоисточна Европа (JИЕ), овие проблеми се манифестираат преку неефикасно искористување на ресурсите како и со недостаток од правилно управување и свест во однос на тоа како да се искористат ресурсите посовесно.

Постои итна потреба за справување со овие предизвици, а притоа е потребен поиновативен пристап како во делот кај локалната самоуправа така и кај граѓаните.

За да се справи со претходните предизвици, RE-SEEties проектот се фокусира специфично на два големи предизвици поврзани со ефикасно искористување на ресурсите - енергија и отпад- на интегриран начин. Целта е да се осветлат предизвиците поврзани со прекумерната потрошувачка на енергија и производство на отпад и да се нагласат можностите како што се придобивките од подигање на свеста за заштеда на енергија и искористување на отпадот. 


За да се  постигнат целите за ефикасно искористување на ресурсите, јасно е дека градските управи играат голема улога во влијанието и мотивацијата за промена на однесувањето на локално и регионално ниво. Затоа, општинските власти се јадрото на фокус на RE-SEEties проектот. Осум градови и региони од ЈИЕ се избрани да ги дизајнираат и спроведат овие нови стратегии за ефикасно искористување на ресурси. Градовите и регионите се избрани поради нивните постоечки политики и одлучувања и се подржани од конзорциум на професионални институции кои поседуваат експертиза и моќ на ширење во тоа поле.
 

Проектот е финансиран од Европската Унија и Југоисточна Европа

Транснационална Програма за Соработка

Времетраење: 2 години (почеток Октомври 2012)

Буџет:  2.249.000 EUR
 

RE-SEEties контакт за Република Македонија
МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија 
Саше Паневски и Зоја Таревска, проектни раководители
s.panevski@momee.org.mk
z.tarevska@momee.org.mk
и
Град Скопје 
Мирјана Апостолова и Емилија Цветковска, проектни раководители
Mirjanaa@skopje.gov.mk
Emilija.Cvetkovska@skopje.gov.mk