03.10.2013/13:57

Трета транснационална експертска работилница на проектот РЕ-СЕЕтиес

Како дел од активностите на проектот, на 11-ти и 12-ти септември се оддржа третата транснационална експертска работилница насловена како „Вградување на резултатите од проектот во националните и ЕУ политики“.

На настанот при­суствуваа претставници од сите партнери вклучени во проектот. Лидерите на работните пакети ги презентираа резултатите од сите досегашни активности на проектот, како и насоките за работа во следниот период. Притоа, документот кој го приготвија членовите на тимот од МАЦЕФ, ѓ-ца Зоја Таревска и г. Саше Паневски – „EU state-of-art on resource efficiency“, беше посочен како одлично приготвен материјал и беше препорачан како пример за останатите членови на проектниот тим. Заклучокот од состанокот е дека активностите се одвиваат со предвиденото темпо, и покрај измената во структурата (еден од партнерите го откажа своето учество во проектот), проектот се развива успешно.