14.04.2014/11:07

Се оддржа 4иот состанок на засегнати страни на РЕ-СЕЕтиес проектот во Скопје

Состанокот на засегнати страни е дел од  шестиот работен пакет на проектот „РЕ – СЕЕтиес“. Средбата на засегнатите страни се одржа во рамки на трибината со тема „Електромобилноста во Скопје“ која е  активност од проектот „Ele.C.Tra – Електричен Градски Транспорт“.

Со оглед на темата на трибината, засегнатите страни гоизнесоа своето размислување и предлози во насока на : одржлив транспортен систем во град Скопје, промена на возниот парк, улогата на транспортот и влијанието врз животната средина и подигање на свеста и промена на навиките на корисниците.

На средбата активно учество земаа претставници од јавни претпријатија, општини, приватни компании и невладин сектор, со цел да се пристапи на проблематиката темелно и детално. Состанокот  понуди и поттикна размислувања во насока на промена на начините на потрошувачка и промени во побарувачката со иновативни решенија, алатки и стимуланси во однос на енергетско ефикасното искористување на ресурсите во урбаните заедници.

Проектот „РЕ – СЕЕтиес“ е проект за поголема ефикасност во општините за искуристување на ресурсите и ефикасни мерки и механизми кои ги превземаат урбаните заедници . Проектот е финансиран од ЈИЕ програмата на ЕУ.

Локални спроведувачи на проектот и партнери се Град Скопје и Здружение МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија.